5 ЛИЦА ПОЧИНАА, 35 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ОД 1.120 ТЕСТОВИ

    5 ЛИЦА ПОЧИНАА, 35 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ОД 1.120 ТЕСТОВИ Во денешниот извештај на ИЈЗ е евидентирано и бебето од Скопје кое, на барање на родителите, со авион беше транспортирано во Швајцарија каде починало. Бебето беше хоспитализирано на Детската клиника и имаше позитивен резултат на коронавирус. (Фото: Приватна архива д-р Аспазија Софијанова)

    Триесет и пет новозаболени од КОВИД-19 се регистрирани од 1.120 тестови во изминатите 24 часа, објави Институтот за јавно здравје. Починати се пет лица, четворица од Скопје, еден од Струга, а оздравени се 19.

    Од новорегистрираните позитивни од најмногу се Скопје 22, Куманово 4, Штип 1, Тетово 6, Струга 1 и Гостивар 1.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (69) хоспитализиран на 15 мај. Во ГОБ „8 септември“ починаа тројца. Еден е пациент од Струга (70) примен во болницата на 17 мај и двајца од Скопје, пациент на возраст од 70 години, примен на 28 мај и 47 годишен пациент на болничко лекување од 21 мај.

    Во денешниот извештај на ИЈЗ е евидентирано и бебето од Скопје кое, на барање на родителите, со авион беше транспортирано во Швајцарија каде починало. Бебето беше хоспитализирано на Детската клиника и имаше позитивен резултат на коронавирус.

    Во земјава вкупно ковид дијагностицирани се 2.164, починати се 131, оздравени 1.535, а активни се 498.

    Досега во земјата се направени вкупно 28.804 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 487 тестира се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Куманово и Скопје, а потврден е еден позитивен случај во градинка во Тетово. Досега во рамките на скринингот се направени 3.502 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на КОВИД-19.

    Тестирањата се правени во:  преку Институтот за јавно здравје (546), преку Центарот за јавно здравје 66 Авицена- 50, Биотек 178, „Жан Митрев“ 51 , Систина 120, МАНУ 109.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира