5 ПОЧИНАТИ, 103 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, 4 ПОЗИТИВНИ ВО ГРАДИНКИ ВО ОХРИД И ШТИП

    5 ПОЧИНАТИ, 103 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, 4 ПОЗИТИВНИ ВО ГРАДИНКИ ВО ОХРИД И ШТИПВо последните 24 часа се направени 841 тестирање, а регистрирани се 103 нови случаи на КОВИД-19. (Фото: К. Попов)

    Пет лица починаа од компликации од КОВИД-19,  а во последните 24 часа се направени 841 тестирање, а регистрирани се 103 нови случаи на КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово (80 години), хоспитализиран на 5 јуни. На Клиника за гастроентерохепатологија почина пациентка од Скопје ( 74 години). Во Градската општа болница „8 Септември“ починаа две лица од Скопје, пациентка (73 години) примена на 11 јуни и пациентка ( 45 години) примена на 2 јуни. Во Клиничката болница во Тетово почина пациент од Тетово (65 години) хоспитализиран на 6 јуни.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа нема нови приеми, а вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 37 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

    До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, а вкупно хоспитализирани 113 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 21 пациент.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 18 пациенти.

    На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 66 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Новите случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

    – Скопје 46
    – Куманово 6
    – Штип 6
    – Прилеп 2
    – Тетово 17
    – Струга 9
    – Велес 3
    – Битола 1
    – Охрид 3
    – Кавадарци 1
    – Гостивар 1
    – Струмица 1
    – Свети Николе 1
    – Ресен 6

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти, 10 во Скопје, 2 во Прилеп и еден во Тетово.

    Досега во земјата се направени вкупно 43.881 тестирање на КОВИД-19. Од направените тестирања во изминатото деноноќие 123 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, каде се потврдени 4 позитивни случаи, два во Штип и два во Охрид.

    Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја има 4.157, оздравени пациенти се 1.723, починати се 193, а во моментов  активни случаи во земјата има 2.241.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира