УШТЕ 5 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, 120 НОВИ ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС ОД 1.367 ТЕСТОВИ

    УШТЕ 5 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, 120 НОВИ ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС ОД 1.367 ТЕСТОВИДве лица од Тетово починале дома. Инфективната клиника во Скопје (Фото: К. Попов)

    Во последните 24 часа Министерството за здравство регистрираше уште пет починати лица од компликации на КОВИД-19. Двајца починати пациенти се од Скопје, еден од Куманово и двајца од Тетово.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 65 години.

    Во ГОБ „8 Sептември“ почината е пациентка на возраст од 46 години кај која присуството на вирусот е докажано постмортем.

    Во детската болница во Козле е почината пациентка на возраст од 85 години.

    Во Тетово се регистрирани две лица кои починале дома на возраст 78 и 76. Кај едниот од починатите ковид 19 е дијагностициран постмортем.

    Во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство.

    Најмногу од новозаразените се од Скопје – 63, по што следуваат Тетово со 14, Гостивар со 12, Дебар и Струга со по 6, Штип со 4.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрираше 125 оздравени лица.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.244, бројката на оздравени пациенти е 3.324, на починати е 351, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.569.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациент, нема пациенти на респираторна машина.

    Во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, вкупно хоспитализирани се 115 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

    Во детската болницата во Козле се хоспитализирани 27 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 3 деца позитивни и 2 суспектни на вирусот.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти.

    На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 102 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Досега во земјата се направени вкупно 69.426 тестирања на КОВИД -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира