5 ПОЧИНАТИ, МЕЃУ КОИ И 35-ГОДИШЕН, УШТЕ 164 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.612 ТЕСТОВИ

    5 ПОЧИНАТИ, МЕЃУ КОИ И 35-ГОДИШЕН, УШТЕ 164 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.612 ТЕСТОВИНа Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти< - Возило на Брза помош пред Инфективна клиника. (Фото: К. Попов)

    Во изминатото деноноќие починаа 5 лица по компликации од коронавирус, тројца пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Ресен. Како што соопшти Министерството за здравство, во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ починаа двајца пациенти на возраст од 35 и 65 години. Во болницата во Битола почина пациент од Ресен на возраст од 70 години. Во болницата во Тетово е починат пациент на 51 година. Вон болнички услови е починат пациент на 77 години.

    Во последните 24 часа се направени 1.612 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-59, Куманово-12, Дебар-18, Штип- 17, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-6, Битола-1, Кавадарци-2, Гостивар-9, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Свети Николе-23, Кичево-6, Ресен-1.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 21 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 8 деца позитивни и 1 суспектно на вирусот. Во „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 91 пациент. На респираторна машина се 6 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 131 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Оздравени се 74 лица од: Скопје-42, Штип-7, Тетово-1, Струга-4, Велес-1, Охрид-6, Кавадарци-3, Свети Николе-2, Ресен-7, Неготино-1.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава има 8.786, оздравени се 4.676, починаа 406, а активни се 3.704.

    Денес се евидентира еден контролен тест и една исправка кај оздарвени лица од вчерашните. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 4.141, активни 1.837
    • Куманово 894, активни 226
    • Дебар 172, активни 110
    • Штип 510, активни 213
    • Прилеп 306, активни 57
    • Тетово 906, активни 295
    • Струга 348, активни 169
    • Велес 205, активни 30
    • Битола 85, активни 41
    • Охрид 229, активни 114
    • Кавадарци 28, активни 17
    • Гостивар 272, активни 177
    • Гевгелија 13, активни 3 (2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)
    • Струмица 24, активни 16
    • Крива Паланка 19, активни 8
    • Радовиш 15, активни 11
    • Крушево 12, активни 7 •
    Кочани 80, активни 12
    • Пробиштип 41, активни 26
    • Демир Хисар 12, активни 11
    • Македонски Брод 9, активни 5
    • Пехчево 6, активни 1
    • Берово 4, активни 1
    • Валандово 6, активни 0
    • Виница 4, активни 1
    • Делчево 1, активни 0
    • Кратово 9, активни
    5 • Свети Николе 179, активни 164
    • Кичево 94, активни 79
    • Ресен 140, активни 66
    • Неготино 22, активни 2 ( 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.612 теста се преку: ИЈЗ-452, ЦЈЗ Скопје-16, Авицена-238, Биотек-143, МАНУ -155, Жан Митрев (Филип Втори) –243, Систина со ПЦР метода -169, Судска медицина -35, ЦЈЗ Битола-55, КИБФС (Инфективна клиника) -106. Досега во земјата се направени вкупно 83.216 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини vo Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
    • Чаир – 284
    • Аеродром – 171
    • Бутел – 139
    • Гази Баба – 202
    • Центар – 151
    • Карпош – 146
    • Сарај – 116
    • Кисела Вода – 123
    • Ѓорче Петров – 113
    • Студеничани – 109
    • Шуто Оризари – 97
    • Арачиново – 32
    • Илинден – 21
    • Петровец – 20
    • Чучер Сандево – 12
    • Сопиште – 13
    • Зелениково- 12
    • Странец – 7
    • Нераспределен- 69

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира