5 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСА И УШТЕ 5 ОД 17 НОЕМВРИ ДО 22 ДЕКЕМВРИ, НОВИ 280 СЛУЧАИ

    5 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСА И УШТЕ 5 ОД 17 НОЕМВРИ ДО 22 ДЕКЕМВРИ, НОВИ 280 СЛУЧАИБројот на активни случаи изнесува 4.832. (Фото: СДК.МК)

    Во изминатите 24 часа се регистрирани 280 нови случаи на ковид-19 од направени 3.929 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Новите случаи се од: Скопје – 137, Прилеп – 24, Охрид – 18, Битола и Штип – по 15, Кавадарци – 13, Гевгелија – 10, Ресен – 9, Куманово и Струмица – по 8, Велес – 4, Валандово и Богданци – по 3, Кичево и Демир Хисар – по 2, Тетово, Гостивар, Кочани, Струга, Неготино, Радовиш, Виница, Македонски Брод и Дојран – по 1.

    Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица: по едно починато лице од Скопје (61г), Струмица (75г), Куманово (79г), Охрид (71г) и Крушево (45г). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.

    Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 5 лица, починати во период од 17.11-22.12.2021 година. Починатите лица се од Гостивар (2), Тетово (2) и Кавадарци (1). Починатите лица се на возраст од 62г до 69г. Од пријавените, 2 лица се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.
    Направени се 3.929 тестови преку: ИЈЗ-501, ЦЈЗ Скопје-37, ЦЈЗ Битола-92, ЦЈЗ Прилеп-46, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-81, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–261,Жан Митрев (Филип Втори)-37, Авицена-96, Биотек-146, Систина-58, лабораторија Лаор-292, Синлаб-20, Ремедика-4, Плодност–69, Генеа-7, Никоб лаб-309, ВФВ Медикал-76, Ели Медика-48, Ројал Медика–62, Спектра-ММ-12, Рапид Лаб–17, Жан Митрев Струмица–26, Нова Лаб Дијагностика–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.632.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.574.100 тестирањана ковид-19.
    Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 223.211,бројот на оздравени пациенти е 210.475, на починати е 7.904, а бројот на активни случаи изнесува 4.832.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира