53 НОВИ РЕГИСТРИРАНИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19, УШТЕ ПЕТ ПОЧИНАТИ

    53 НОВИ РЕГИСТРИРАНИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19, УШТЕ ПЕТ ПОЧИНАТИЗа 24 часа регистрирани се 53 нови случаи на коронавирус во земјата. (Фото: К. Попов)

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа двајца пациенти заболени од коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Станува збор за жена од Лабуништа (Струга) на возраст од 71 година и маж на возраст од 77 години од Куманово кои беа хоспитализирани во исклучително тешка состојба, соопшти Министерството за здравство.
    Институтот за јавно здравје информира и за уште два смртни случаи, жител на Велес кој починал пред неколку дена, а неговиот позитивен резултат е докажан постмортем и странски државјанин кој живеел во Скопје 4 месеци.
    Министерството потсетува и дека пациентот од Куманово кој почина на 2 април на Инфективната клиника, а чиј позитивен резултат на КОВИД– 19 беше потврден вчера попладне, како случај на позитивен и починат пациент, во статистиката на ИЈЗ ќе биде исто така евидентиран во денешниот извештај. Со ова, во денешната статистика се евидентирани 5 починати лица од КОВИД-19.
    Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 61 пациент, од нив 11 се на механичка вентилација.
     За 24 часа регистрирани се 53 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје -13, Куманово -8, Штип -5, Прилеп – 2, Струга – 14, Тетово – 2, Велес – 1, Гостивар – 2 и Кочани – 6.
     Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 483 лица, од кои 20 излечени и 17 починати. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
     Скопје – 221
    Куманово -93
    Дебар – 49
    Штип-20
    Прилеп –24
    Тетово – 17
    Струга – 23
    Велес – 9
    Битола – 4
    Охрид – 3
    Кавадарци –2
    Гостивар – 4
    Гевглелија – 4
    Струмица – 1
    Крива Паланка- 2
    Кочани – 7
     Во изминатото деноноќие направени се 414 тестови. Од нив преку ИЈЗ- 240, преку Ветеринарен факултет – 25, Авицена – 22, Биотек – 0 и Фипил Втори (Жан Митрев) – 127. Досега во земјата се направени 4.920 тестирања на КОВИД-19.
    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира