550 ОСУДЕНИЦИ ЌЕ БИДАТ ПРЕСЕЛЕНИ ВО НОВИ ЌЕЛИИ, ОТВОРЕНИ ДВЕ НОВИ ОДДЕЛЕНИЈА ВО ЗАТВОРОТ „ИДРИЗОВО“

    550 ОСУДЕНИЦИ ЌЕ БИДАТ ПРЕСЕЛЕНИ ВО НОВИ ЌЕЛИИ, ОТВОРЕНИ ДВЕ НОВИ ОДДЕЛЕНИЈА ВО ЗАТВОРОТ „ИДРИЗОВО“Градењето на нови сместувачки капацитети во КПД Идризово е всушност една од мерките кои ги превземаме за подобрување на условите за извршување на санкциите“, рече министерката за правда Рената Тренеска-Дескоска (Фото: Ѓ. Личовски)

    550 осуденци од наредните денови ќе бидат префлени во новите згради на затворот Идризово. Денеска министерката за правда Рената Тренеска-Дескоска ги презентираше двата нови објекти во Казнено поправниот дом „Идризово“. Во отвореното и полуотвореното одделение ќе бидат преместени осудениците од затворските ќелии кои се во најочајна состојба, кои потоа тие ќе бидат затворени.

    Ќелиите се за сместување на четири осудени лица, со бања. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Отворено одделение е со површина од 3.800 квадратни метри и има капацитет за сместување на 294 осуденици. Полуотворено одделение е за сместување на 252 осуденици на површина од 4.000 квадратни метри. Ќелиите се за сместување на четири осудени лица, со бања, предвидени се заеднички простории за престој, работилници, фитнес сали, ќелии за лица со посебни потреби, шеталишта и игралишта. Набавена е современа опрема за негово функционирање, односно набавена е информатичка опрема, опрема за симултан превод, кујна и мебел за сите простории во објектот.

    Отворено одделение е со површина од 3.800 квадратни метри и има капацитет за сместување на 294 осудени лица. Полуотворено одделение е за сместување на 252 осуденици на површина од 4.000 квадратни метри. (Фото: Ѓ. Личовски)

    „Република Македонија долго време е критикувана во меѓународните и домашните извештаи за несоодветните услови во затворите и со тоа за нехуман третман на лицата кои се на издржување на најтешката казна во македонското законодавство – казната затвор. Во Идризово се сместени повеќе од 3/5 од затворениците во целата земја. Неговата пренатрупаност е клучен проблем бидејќи се забележани ситуации во кои во оваа институција биле сместувани и повеќе од двојно поголем број на лица од предвидените капацитети. Пренатрупаноста на затворите води кон други секундарни проблеми како што се несоодветни услови за сместување, загрозени хигиенски и санитетски услови како и отежнато одржување на редот и безбедноста во затворот и спречување на конфликтите внатре. Градењето на нови сместувачки капацитети во КПД ‘Идризово’ е всушност една од мерките кои ги превземаме за подобрување на условите за извршување на санкциите“, рече министерката Тренеска-Дескоска.

    Љубовната соба (Фото: Ѓ. Личовкски)

    Директорот на Управата за извршување на санцкции Јовица Стојановиќ рече дека со пуштањето во употреба на овие два објекти завршена е првата фаза за изградба на нови простории. Догодина ќе се работи на проект за втората фаза за обезбедување нови простории во затворот.

    „Работиме на подобрување на условите и во останатите затвори во земјава и сите забалешки кои беа нотирани за лошите услови ќе бидат елиминирани“ рече Стојановиќ.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира