6 ПОЧИНАТИ МЕЃУ КОИ И 36-ГОДИШЕН ШТИПЈАНЕЦ, НОВИ 147 СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.296 ТЕСТИРАЊА

    6 ПОЧИНАТИ МЕЃУ КОИ И 36-ГОДИШЕН ШТИПЈАНЕЦ, НОВИ 147 СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.296 ТЕСТИРАЊАВо последните 24 часа се направени 1.296 тестирања, а регистрирани се 147 нови случаи на ковид-19; - Возило на Брза помош пред Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Починати се 6 лицa по компликации од коронавирус за изминатото деноноќие, и тоа тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово, еден пациент од Штип и еден од Берово, објави Министерството за здравство. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (63) . Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ починати се двајца пациенти од Скопје (59) и (63) и еден пациент од Штип (36). Во болницата во Штип е починат пациент од Берово (69), во Куманово пациент на 78 години.

    Во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања, а регистрирани се 147 нови случаи на ковид-19.

    – Скопје 64
    – Куманово 8
    – Штип 6
    – Прилеп 3
    – Тетово 16
    – Струга 7
    – Велес 5
    – Битола 4
    – Охрид 5
    – Гостивар 9
    – Струмица 1
    – Крива Паланка 1
    – Кочани 1
    – Пробиштип 1
    – Кратово-1
    – Свети Николе 7
    – Кичево 4
    – Ресен 4

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

    Во болницата во Козле се хоспитализирани 37 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 5 деца позитивни и суспектни на вирусот.

    Во  „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 120 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 95 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Досега во земјата се направени вкупно 66.133 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Оздравени се 111 пациенти од: Скопје-56, Штип-7, Тетово-36, Велес-2, Битола-3, Гостивар-1, Гевгелија-2, Струмица-1, Свети Николе-1, Ресен-2.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава се 6.932, од кои оздравени се 2.987, починати се 334, а  3.611 се активни.

    Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 3.343, активни 1.987
    • Куманово 793, активни 240
    • Дебар 103, активни 51
    • Штип 371, активни 158
    • Прилеп 277, активни 51
    • Тетово 758, активни 385
    • Струга 252, активни 154
    • Велес 194, активни 43
    • Битола 61, активни 22
    • Охрид 195, активни 166
    • Кавадарци 21, активни 15
    • Гостивар 151, активни 91
    • Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
    • Струмица 17, активни 9
    • Крива Паланка 16, активни 10
    • Радовиш 4, активни 0
    • Крушево 7, активни 4
    • Кочани 74, активни 21
    • Пробиштип 25, активни 16
    • Демир Хисар 2, активни 1
    • Македонски Брод 6, активни 4
    • Пехчево 6, активни 3
    • Берово 3, активни 0
    • Валандово 6, активни 2
    • Виница 3, активни 0
    • Делчево 1, активни 0
    • Кратово 5, активни 2
    • Свети Николе 41, активни 36
    • Кичево 44, активни 38
    • Ресен 120, активни 93
    • Неготино 21, активни 6 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1296 теста се преку: ИЈЗ –585, Авицена –99, Биотек –75, МАНУ -158, Жан Митрев (Филип Втори) -209, Судска медицина-1, Систина со ПЦР метода -133, ЦЈЗ Битола-36. Досега во земјата се направени вкупно 66.133 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
    • Чаир – 409
    • Аеродром – 150
    • Бутел – 162
    • Гази Баба – 189
    • Центар – 143
    • Карпош – 163
    • Сарај – 149
    • Кисела Вода – 109
    • Ѓорче Петров – 114
    • Студеничани – 110
    • Шуто Оризари – 86
    • Арачиново – 50
    • Илинден – 32
    • Петровец – 16
    • Чучер Сандево – 18
    • Сопиште – 14
    • Зелениково-6
    • Странец – 2
    • Нераспределен- 65

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира