6 ПОЧИНАТИ, СО НОВИТЕ 136 СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ВКУПНО ЗАБОЛЕНИ ВО ЗЕМЈАВА ИМА 8.111

    6 ПОЧИНАТИ, СО НОВИТЕ 136 СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ВКУПНО ЗАБОЛЕНИ ВО ЗЕМЈАВА ИМА 8.111На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. - Возило на Брза помош во Клиничкиот центар во Скопје. (Фото: К. Попов)

    Шест лица починаа во изминатото деноноќие по компликации од коронавирус, и тоа двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово, двајца од Струга и еден од Гостивар, соопшти Министерството за здравство.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се четворица пациенти на возраст од 46, 53, 63 и 69 години. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ почина пациент на возраст од 42 години. Во болницата во Куманово починат е пациент на возраст од 80 години.

    Во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Куманово-6, Дебар-7, Штип-14, Прилеп-1, Тетово-12, Струга-9, Велес-1, Охрид-2, Гостивар-13, Струмица-2, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Кратово-1, Свети Николе-5, Кичево-4, Ресен-4.

    Со ова, вкупно ковид дијагностицирани во земјава има 8.111, од кои оздравени се 4.203, починати се 382, активни се 3.526.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 55 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

    Во болницата во Козле се хоспитализирани 22 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни и 1 дете суспектно на вирусот. Во „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 95 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 27, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 114 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од: Скопје-77, Штип-7, Тетово-15, Струга-1, Велес-4, Битола-2, Гевгелија-1, Кочани-2, Пехчево-1, Кичево-2, Ресен-11.

    Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 3.848, активни 1.830
    • Куманово 854, активни 186
    • Дебар 151, активни 89
    • Штип 444, активни 172
    • Прилеп 296, активни 63
    • Тетово 868, активни 320
    • Струга 320, активни 161
    • Велес 202, активни 35
    • Битола 69, активни 26
    • Охрид 225, активни 133
    • Кавадарци 25, активни 17
    • Гостивар 229, активни 143
    • Гевгелија 12, активни 2 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
    • Струмица 24, активни 16
    • Крива Паланка 19, активни 9
    • Радовиш 8, активни 4
    • Крушево 12, активни 7
    • Кочани 77, активни 15
    • Пробиштип 36, активни 24
    • Демир Хисар 8, активни 7
    • Македонски Брод 8, активни 4
    • Пехчево 6, активни 1
    • Берово 4, активни 1
    • Валандово 6, активни 0
    • Виница 4, активни 1
    • Делчево 1, активни 0
    • Кратово 6, активни 3
    • Свети Николе 117, активни 110
    • Кичево 73, активни 62
    • Ресен 138, активни 82
    • Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 991 теста се преку: ИЈЗ-433, ЦЈЗ Скопје-36, Авицена-126, Биотек-85, МАНУ -112, Жан Митрев (Филип Втори) -14, Систина со ПЦР метода -156, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-29. Досега во земјата се направени вкупно 77.160 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини  во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
    • Чаир – 300
    • Аеродром – 159
    • Бутел – 131
    • Гази Баба – 189
    • Центар – 138
    • Карпош – 140
    • Сарај – 120
    • Кисела Вода – 108
    • Ѓорче Петров – 105
    • Студеничани – 110
    • Шуто Оризари – 79
    • Арачиново – 43
    • Илинден – 23
    • Петровец – 18
    • Чучер Сандево – 11
    • Сопиште – 9
    • Зелениково- 14
    • Странец – 5
    • Нераспределен- 128

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира