6 ПОЧИНАТИ ЗА 24 ЧАСА, УШТЕ 88 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.507 ТЕСТОВИ

    6 ПОЧИНАТИ ЗА 24 ЧАСА, УШТЕ 88 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.507 ТЕСТОВИПочинаа две пациентки од Скопје и по еден од Куманово, Гостивар, Тетово и од Штип; - Возило на Брза помош пред Клиничкиот центар во Скопје. (Фото: К. Попов)

    Во изминатите 24 часа по компликации од коронавирус починаа 6 лица, две пациентки од Скопје на 56 и на 75 години, пациент од Куманово (91.), пациент од Гостивар (64), пациент од Тетово (82) и пациент од Штип (58.) Сите пациенти се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство, не наведувајќи во кои болници.

    Во последните 24 часа се направени 1507 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-23, Куманово-8, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-2, Струга-11, Велес-2, Битола-3, Охрид-8, Кавадарци-1, Гостивар-4, Струмица-1, Македонски Брод-4, Виница-2, Свети Николе-2, Кичево-2.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациенти, 1 на механичка вентилација.

    Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 5 деца позитивни, како и 2 пациенти суспектни на вирусот.

    Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти.

    На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 124 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Институтот за јавно здравје регистрира 113 оздравени пациенти од: Скопје-57, Дебар-1, Штип-11, Прилеп-8, Тетово-11, Велес-1, Гостивар-2, Кочани-4, Демир Хисар-1, Свети Николе-10, Кичево-2, Ресен-5.

    Досега во земјата се направени вкупно 108.384 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава има 11.289, оздравеа 7.221, починаа 511, а во моментов  активни случаи им 3.557.

    Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 4966, активни 1303

    • Куманово 1102, активни 262

    • Дебар 208, активни 118

    • Штип 887, активни 433

    • Прилеп 336, активни 46

    • Тетово 1066, активни 212

    • Струга 469, активни 187

    • Велес 227, активни 22

    • Битола 146, активни 66

    • Охрид 283, активни 76

    • Кавадарци 83, активни 63

    • Гостивар 499, активни 288

    • Гевгелија 23, активни 12 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)

    • Струмица 39, активни 23

    • Крива Паланка 25, активни 11

    • Радовиш 29, активни 16

    • Крушево 16, активни 8

    • Кочани 106, активни 20

    • Пробиштип 57, активни 22

    • Демир Хисар 34, активни 26

    • Македонски Брод 41, активни 35

    • Пехчево 6, активни 0

    • Берово 8, активни 4

    • Валандово 6, активни 0

    • Виница 25, активни 21

    • Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

    • Кратово 14, активни 7

    • Свети Николе 230, активни 134

    • Кичево 179, активни 109

    • Ресен 146, активни 21

    • Неготино 28, активни 8 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.507 теста се преку: ИЈЗ-302, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-156, Биотек-255, МАНУ -189, Жан Митрев (Филип Втори)-302, Систина со ПЦР метода -216, Судска медицина -9, ЦЈЗ Битола-48, Инфективна клиника-6, ГАК-0. Досега во земјата се направени вкупно 108.384 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

    • Чаир – 168

    • Аеродром – 147

    • Бутел – 84

    • Гази Баба – 133

    • Центар – 106

    • Карпош – 113

    • Сарај – 60

    • Кисела Вода – 141

    • Ѓорче Петров – 92

    • Студеничани – 45

    • Шуто Оризари – 108

    • Арачиново – 24

    • Илинден – 24

    • Петровец – 17

    • Чучер Сандево – 9

    • Сопиште – 20

    • Зелениково- 7

    • Странец – 5

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира