66-ГОДИШЕН КУМАНОВЕЦ СО ПОВЕЌЕ БОЛЕСТИ ПОЧИНА ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА, НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА ЛЕЖАТ 11 БОЛНИ

    66-ГОДИШЕН КУМАНОВЕЦ СО ПОВЕЌЕ БОЛЕСТИ ПОЧИНА ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА, НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА ЛЕЖАТ 11 БОЛНИНа Инфективната клиника дoсега биле хоспитализирани 66 пациенти, во моментов 11 се в болница од кои едно лице е со потешка клиничка слика. (Фото: СДК.МК)

    Шеесет и шестгодишен кумановец кој бил со коморбидитети почина по компликации од западнонилска треска, рече денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, д-р Фадил Цана. Досега починаа 9 лица од вирусот на западнонилска треска.

    Пациентот бил  хоспитализиран 28 дена на Клиниката и имал потешка клиничка слика.

    Д-р Цана кажа дека дoсега биле хоспитализирани 66 пациенти, сега во моментов 11 се на Инфективна, од кои едно лице е со потешка клиничка слика.

    „Последен прием на лице со западнонилска треска на Инфективната клиника е од 19 септември“, кажа Цана.

    Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно со 15 септември во Македонија се регистрирани вкупно 65 заболени од западнонилска треска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира