Во последните 24 часа се регистрирани 383 нови случаи на ковид-19 од направени 1.648 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Најмногу досега имаше вчера, кога беа регистрирани 393 случаи на ковид-19 од направени 2.464 тестирања.
По градови, новите заразени со коронавирус се од: Скопје-201, Куманово-11, Штип-21, Прилеп-20, Тетово-8, Струга-5, Велес-9, Битола-12, Охрид-4, Кавадарци-7, Гостивар-6, Гевгелија-8, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Кочани-7, Пробиштип-3, Берово-5, Валандово-4, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-5, Кичево-4, Ресен-2, Неготино-3.
Денеска се регистрирани 7 починати пациенти од: Куманово (63г), Тетово (69г), Гевгелија (67г), Скопје (51г), Кавадарци (60г) и двајца пациенти од Битола (60 и 79г). Сите починале во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20.937, бројката на оздравени пациенти е 16.194, на починати е 792, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.951.
Според завршените епидемиолошки анализи во моментов бројот на заразени по градови е следна:
• Скопје 8478, активни 1743
• Куманово 1879, активни 172
• Дебар 294, активни 36
• Штип 1361, активни 119
• Прилеп 813, активни 176
• Тетово 1585, активни 210
• Струга 720, активни 63
• Велес 378, активни 56
• Битола 388, активни 105
• Охрид 463, активни 48
• Кавадарци 278, активни 60
• Гостивар 978, активни 75
• Гевгелија 201, активни 95 (11 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 29 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 428, активни 264
• Крива Паланка 152, активни 48
• Радовиш 139, активни 57
• Крушево 20, активни 1
• Кочани 495, активни 219
• Пробиштип 129, активни 22
• Демир Хисар 62, активни 2
• Македонски Брод 96, активни 3
• Пехчево 48, активни 5
• Берово 147, активни 54
• Валандово 65, активни 45
• Виница 131, активни 41
• Делчево 187, активни 96 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 27, активни 3
• Свети Николе 401, активни 68
• Кичево 357, активни 35
• Ресен 170, активни 11
• Неготино 67, активни 19 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.648 теста се преку: ИЈЗ-517, ЦЈЗ Скопје-105, Авицена-425, Биотек-144, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори) -108 , Систина со PCR метода -136, лабораторија Лаор –111, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-70, Инфективна клиника-4, ГАК-4, Синлаб-24, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 207.891 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 14 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 96 пациенти, од кои на кислородна поддршка се 58 пациенти. Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 5 мајки позитивни на ковид-19, нема хоспитализирани пациенти суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 41 пациент. На респиратор се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 27, а во болницата во Штип се 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 195, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска:
• Чаир – 92
• Гази Баба – 168
• Аеродром – 311
• Карпош – 301
• Центар – 316
• Кисела Вода – 208
• Ѓорче Петров – 149
• Бутел – 67
• Шуто Оризари – 15
• Студеничани – 3
• Сарај – 16
• Арачиново – 4
• Илинден – 31
• Сопиште – 9
• Чучер Сандево – 6
• Петровец – 7
• Зелениково – 3
• Странец – 14
• Нераспределен-23