8 ПОЧИНАТИ, НОВИ 163 СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.794 ТЕСТОВИ, 230 ОЗДРАВЕНИ

    8 ПОЧИНАТИ, НОВИ 163 СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.794 ТЕСТОВИ, 230 ОЗДРАВЕНИВкупно ковид дијагностицирани во нашата земја има 7.406, оздравени се 3.554, починати се 359, а активни се 3.493; - Возило на Брза помош во Клиничкиот центар во Скопје. (Фото: К. Попов)

    Осум лица починаа по компликации од коронавирус, и тоа шест пациенти од Скопје, еден од Дебар и еден пациент од Тетово, соопшти Министерството за здравство. Во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-87, Куманово-7, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-8, Охрид-1, Кавадарци-1, Демир Хисар- 1, Гостивар-8, Струмица-1, Кратово-1, Свети Николе-9, Кичево-3, Ресен-5.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 59 години. На Клиника за токсикологија е почината пациентка на 79 години, кај која присуството на вирусот е потврдено постмортем. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ починати се четворица пациенти на возраст 58, 61,62 и 66 години. Во ОБ Тетово почина пациент на 53 години. Во „Филип Втори“ („Жан Митрев“) е починат пациент од Дебар на 52 години.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 57 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 1 дете позитивно и 1 суспектно на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 97 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 106 пациенти .

    Оздравени се 230 лица од: Скопје-126, Куманово-31, Штип-11, Прилеп-1, Тетово-45, Велес-7, Кавадарци-1, Гостивар-1, Кочани-1, Свети Николе-2, Ресен-2, Неготино-2.

    Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја има 7.406, оздравени се 3.554, починати се 359, а активни се 3.493.

    Еден од вчерашните тестови е контролен, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 3.573, активни 1.895
    • Куманово 813, активни 174
    • Дебар 118, активни 65
    • Штип 404, активни 159
    • Прилеп 286, активни 55
    • Тетово 805, активни 343
    • Струга 282, активни 181
    • Велес 198, активни 37
    • Битола 63, активни 22
    • Охрид 210, активни 181
    • Кавадарци 22, активни 15
    • Гостивар 180, активни 109
    • Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
    • Струмица 18, активни 10
    • Крива Паланка 17, активни 11
    • Радовиш 4, активни 0
    • Крушево 7, активни 3
    • Кочани 75, активни 17
    • Пробиштип 28, активни 17
    • Демир Хисар 3, активни 2
    • Македонски Брод 6, активни 4
    • Пехчево 6, активни 2
    • Берово 3, активни 0
    • Валандово 6, активни 2
    • Виница 4, активни 1
    • Делчево 1, активни 0
    • Кратово 6, активни 3
    • Свети Николе 56, активни 49
    • Кичево 52, активни 43
    • Ресен 127, активни 87
    • Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1794 теста се преку: ИЈЗ-1002, Авицена-102, Биотек-155, МАНУ -123, Жан Митрев (Филип Втори) -209, Судска медицина – 14, Систина со ПЦР метода -148, ЦЈЗ Битола-41. Досега во земјата се направени вкупно 71.220 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
    позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
    • Чаир – 348
    • Аеродром – 152
    • Бутел – 155
    • Гази Баба – 194
    • Центар – 142
    • Карпош – 149
    • Сарај – 129
    • Кисела Вода – 113
    • Ѓорче Петров – 108
    • Студеничани – 107
    • Шуто Оризари – 84
    • Арачиново – 45
    • Илинден – 29
    • Петровец – 17
    • Чучер Сандево – 17
    • Сопиште – 8
    • Зелениково-9
    • Странец – 1
    • Нераспределен- 89

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира