8 ПОЧИНАТИ, УШТЕ 98 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 830 ТЕСТОВИ

    8 ПОЧИНАТИ, УШТЕ 98 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 830 ТЕСТОВИНа Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 63, 63 и 60 години.- Возило на Брза помош во скопскиот Клинички центар. (Фото: К. Попов)

    Осум лица починаа по компликации од ковид-19, двајца пациенти од Скопје, еден од Прилеп, еден од Струга, еден од Охрид, двајца од Гостивар и еден од Кичево, објави Министерството за здравство.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 63, 63 и 60 години, во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ почина пациент на возраст од 68 години. Во болницата во Прилеп починат е пациент на 60 години, во болницата во Струга почината е пациентка на 72 години, во Гостивар вонболнички почината е пациентка на 73 години, во Завод за нефрологија во Струга починат е пациент на 67 години.

    Во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 94 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-49, Куманово-2, Штип-8, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-2, Гостивар-13, Кочани-2, Свети Николе-9, Кичево -2.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 42 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

    Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 8 деца позитивни на вирусот.

    Во „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти.

    На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 133 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 42 оздравени лица од: Скопје-27, Штип-1, Прилеп – 8, Тетово-1, Велес-3, Кочани -2.

    Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја има 8.623, оздравени се 4.603, починати се 401, а активни се 3.619. Денес се евидентира еден контролен тест и исправка за 4 оздравени лица од Кратово заради техничка грешка.

    Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 4083, активни 1823
    • Куманово 882, активни 214
    • Дебар 154, активни 92
    • Штип 492, активни 202
    • Прилеп 305, активни 56
    • Тетово 900, активни 291
    • Струга 342, активни 167
    • Велес 205, активни 31
    • Битола 84, активни 40
    • Охрид 229, активни 120
    • Кавадарци 27, активни 19
    • Гостивар 263, активни 168
    • Гевгелија 13, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)
    • Струмица 24, активни 16
    • Крива Паланка 19, активни 8
    • Радовиш 15, активни 11
    • Крушево 12, активни 7
    • Кочани 80, активни 12
    • Пробиштип 39, активни 24
    • Демир Хисар 11, активни 10
    • Македонски Брод 9, активни 5
    • Пехчево 6, активни 1
    • Берово 4, активни 1
    • Валандово 6, активни 0
    • Виница 4, активни 1
    • Делчево 1, активни 0
    • Кратово 9, активни 5
    • Свети Николе 156, активни 143
    • Кичево 88, активни 73
    • Ресен 139, активни 73
    • Неготино 22, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 830 теста се преку: ИЈЗ-298, ЦЈЗ Скопје-13, Авицена-140, Биотек- 0, МАНУ -27, Жан Митрев (Филип Втори) –150, Систина со ПЦР метода -102, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-0, КИБФС (Инфективна клиника) -100. Досега во земјата се направени вкупно 81.604 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира