82 ЖЕНИ И 41 ДЕТЕ ПРИЈАВИЛЕ ДЕКА СЕ ЖРТВИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ПРВИОТ СЕМЕЕН ЦЕНТАР НА ГРАД СКОПЈЕ

    82 ЖЕНИ И 41 ДЕТЕ ПРИЈАВИЛЕ ДЕКА СЕ ЖРТВИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ПРВИОТ СЕМЕЕН ЦЕНТАР НА ГРАД СКОПЈЕГрадоначалникот Петре Шилегов при посетата на центарот најави дека наредната година од буџетот на Град Скопје ќе бидат одвоени двојно повеќе средства. (Фото: Град Скопје)

    82 жени годинава пријавиле дека се жртви на семејно насилство во Првиот семеен центар на Град Скопје. Оваа е бројка е поголема од лани, што според надлежните од центарот значи дека се зголемува свеста кај граѓаните да ги пријавуваат случаите на семејно насилство.

    „Имаме зголемување на бројот на лица кои добиле услуга во Првиот семеен центар. Најбројни се жените жртви на семејно насилство тие се 82, потоа имаме 28 сторители на семејно насилство кои е дел од програмата која ги третира како посебна категорија. Имаме пријави и за 41 малолтено дете кое дирекно или индирекно кои биле изложени на семејно насилство и 39 други членови на семејството кои што биле вклучени да го поддржат прооцесот на семејство насилство врз децата или жените“, вели Фросина Јовановска, менаџер на Првиот семеен центар.

    По пријавите вработените во центарот вели Јовановска вршат проценка на ризикот во кој е изложено лицето кои пријавило дека е жртва на семејно насилство. Доколку станува збор за случаи од висок ризик, тогаш тие лица се згрижуваат во сигурни куќи.

    Градоначалникот Петре Шилегов при посетата на центарот најави дека наредната година од буџетот на Град Скопје ќе бидат одвоени двојно повеќе средства, односно наместо 700.000 денари помошта ќе биде 1,5 милиони денари.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира