9 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, НАД 400 НОВИ СЛУЧАИ

    9 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, НАД 400 НОВИ СЛУЧАИБројот на активни случаи изнесува 4.801. (Фото: СДК.МК)

    Во изминатите 24 се регистрирани 409 нови случаи на ковид-19 од направени 4.751 тест, соопшти Министерството за здравство.

    Новите случаи се од: Скопје – 218, Прилеп – 37, Битола – 32, Кавадарци – 19, Велес – 18, Македонски Брод – 9, Кичево и Гевгелија – по 8, Куманово и Богданци – по 7, Кочани, Струга и Ресен – по 6, Охрид – 5, Тетово и Штип – по 4, Струмица и Крива Паланка – по 3, Гостивар, Делчево и Валандово – по 2, Неготино, Радовиш и Виница – по 1.

    Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 6 починати лица од Скопје (62г, 65г, 73г, 74г, 88г и 90г) и по едно починато лице од Битола (52г), Кавадарци (39г) и Прилеп (63г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

    Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт 20.12.2021 година. Регистрираното починато лице е од Охрид (1), на возраст од 80 години. Починато во болнички услови.

    Од вкупниот број на починати лица (n=10), 3 лица се целосно вакцинирани.

    Направени се 4.751 тестови преку: ИЈЗ-305, ЦЈЗ Скопје-79, ЦЈЗ Битола-81, ЦЈЗ Прилеп-66, ЦЈЗ Тетово–12, ЦЈЗ Куманово-90, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–6, Жан Митрев (Филип Втори)-106, Авицена-199, Биотек-233, Систина-111, лабораторија Лаор-246, Синлаб-30, Ремедика-22, Плодност–54, Генеа-16, Никоб лаб-507, ВФВ Медикал-84, Ели Медика-104, Ројал Медика–57, Спектра-ММ-23, Рапид Лаб–16, Жан Митрев Струмица–19, Нова Лаб Дијагностика–14, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.263.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.581.175 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 223.739, бројот на оздравени пациенти е 211.021, на починати е 7.917, а бројот на активни случаи изнесува 4.801.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира