Адвокатот Мерџан Даути, кој минатиот месец се обиде да го блокира судењето за „ТНТ“ за рушењето на „Космос“ на Фијат Цаноски, барајќи превод на албански на целиот предмет, кој е пред изрекување пресуда, на денешното рочиште му укажа на судечкиот совет дека на две од поротничките им истекол мандатот, бидејќи наполниле 60 години. Пред пет дена, на судењето за „Талир“, со иста тактика одложување побара обвинетиот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.
Адвокатот кажа дека според Законот за судови двете поротнички не треба да бидат дел од судечкиот совет поради истек на мандатот, а за тоа рече дека го известил и претседателот на судот, Иван Џолев, како и Судскиот совет.
- ЗАГРИЖЕН ЗА ВОЗРАСТА НА ДВЕ ПОРОТНИЧКИ, ИЛИЈА ДИМОВСКИ ПОБАРА ПО 11. ПАТ ДА СЕ ОДЛОЖИ „ТАЛИР“
- АДВОКАТОТ МЕРЏАН ДАУТИ КОЈ САКАШЕ ДА ГО БЛОКИРА СУДЕЊЕТО НА ГРУЕВСКИ ВО „ТНТ“ ЗАВРШИ ПРЕД ДИСЦИПЛИНСКИ ОБВИНИТЕЛ ВО АДВОКАТСКАТА КОМОРА
- ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ ЌЕ ГИ ЗАКОЧИ СУДСКИТЕ ПОСТАПКИ, ОЦЕНИ ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА И ПРЕПОРАЧА ДА НЕ СЕ КОРИСТИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО
Даути, кој денеска пак побара превод на албански, на 19 ноември беше пријавен во адвокатската комора од судијата Огнен Ставрев под сомневање дека сака да го одолговлечи судењето со тоа што бара да му се преведат сите списи од двегодишното судење и да ја злоупотреби службената положба како адвокат. Судијата Ставрев не му ги прифати барањата.
Во „ТНТ“, првообвинет е избеганиот во Унгарија Никола Груевски, кој нареди да му биде уништен со експлозив објектот „Космос“ на Цаноски, затоа што во 2011 година ја прекина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Потоа, Миле Јанакиески како координатор на целата акција на незаконското уривање, ексградоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски како логистика и други обвинети од општината.
На 6 ноември, обвинетата Елисавета Најдовска му го откажа полномоштвото на адвокатот Димитар Дангов и го замени со Даути.
С. К. ДЕЛЕВСКА