АГИМ КРАСНИЌИ, КОЈ ПРЕД ЧЕТИРИ ГОДИНИ ИЗБЕГА ОД ШТИПСКИОТ ЗАТВОР, УАПСЕН ВО КОСОВО ЗА ПУКАЊЕ ВО КАФУЛЕ

    АГИМ КРАСНИЌИ, КОЈ ПРЕД ЧЕТИРИ ГОДИНИ ИЗБЕГА ОД ШТИПСКИОТ ЗАТВОР, УАПСЕН ВО КОСОВО ЗА ПУКАЊЕ ВО КАФУЛЕКрасниќи во 2008 година беше осуден на 15 години затвор, а во 2020 по викенд отсуство не се врати во Штипскиот затвор. (Фото: МИА)

    Тројца македонски државјани се уапсени од косовската полиција во Урошевац поради пукање во кафуле, меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи, кој пред четири години избега од затворот во Штип и по него беше распишана меѓународна потерница.

    Полициски единици во петокот околу полноќ во Урошевац запреле „ауди“ со македонски регистарски таблици и при контрола и преглед на автомобилот биле пронајдени три пиштоли и муниција. Уапсени се четири лица, македонски државјани. Според информациите на косовската полиција, се работи за Агим Красниќи, Бесим Красниќи, Фадил Точи и Сеад Рамадани Цапи.

    Косовската полиција соопшти дека три лица се уапсени за „убиство во обид и учество во тепачка“, а едно се бара со меѓународна потерница. Трите лица учествувале во тепачка што се случила на 17 октомври минатата година во Урошевац, каде имало и пукање.

    Кондовецот Агим Красниќи во 2008 година беше осуден на 15 години затвор за злосторничко здружување и поседување оружје и други кривични дела.

    Во февруари 2020 по викенд отсуството не се врати во Штипскиот затвор, каде што ја одлежуваше казната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира