АХМЕТИ ГО ПРОСЛАВИ РОДЕНДЕНОТ СО ЖИВА МУЗИКА ВО МИНИСТЕРСТВОТО НА ГРУБИ

    АХМЕТИ ГО ПРОСЛАВИ РОДЕНДЕНОТ СО ЖИВА МУЗИКА ВО МИНИСТЕРСТВОТО НА ГРУБИНа видеото, освен бендот и Ахмети како пее, се гледа и чад од цигари во просторија на државната институција со која раководи Груби. (Фото: Фејсбук/принтскрин)

    Лидерот на ДУИ Али Ахмети го прослави 65. роденден со песни и жива музика во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, според видеото кое го објави денеска вицепремиерот Артан Груби.

    „Ретки се луѓето кои ја следат историјата и кои ја пишуваат историјата градејќи ја иднината. Го поздравуваме последниот преродбеник, на чело на нацијата, секогаш на вистинскиот пат! Али Ахмети со сè што е свето за албанството, на неговиот грб, денеска полни 65 години“, напиша Груби на Фејсбук.

    На видеото, освен бендот и Ахмети како пее, се гледа и чад од цигари во просторија на државната институција со која раководи Груби.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира