Лидерот на ДУИ Али Ахмети попладнево рече дека одлуката на Иванов е нелегитимна, оти тој не е легитимен претседател.
„Сметам дека одлуката на Иванов е избрзана и непромислена и таквата одлука од таканаречениот претседател, нелегитимен претседател, за нас нема легитимност“, изјави Ахмети попладнево по средбата со хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, и словенечкиот претседател Борут Пахор.