АКО ГИ ПРИФАТИТЕ НАШИТЕ ПРЕДЛОГ ЗАКОНИ, НИЕ ЌЕ ГИ ПОДДРЖИМЕ ВАШИТЕ, ИМ ПОНУДИ ИЛИЈА ДИМОВСКИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ОД МНОЗИНСТВОТО

    АКО ГИ ПРИФАТИТЕ НАШИТЕ ПРЕДЛОГ ЗАКОНИ, НИЕ ЌЕ ГИ ПОДДРЖИМЕ ВАШИТЕ, ИМ ПОНУДИ ИЛИЈА ДИМОВСКИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ОД МНОЗИНСТВОТОИлија Димовски на денешната прес-конференција во Собранието кажа дека ВМРО-ДПМНЕ поднела три предлог закони во Собранието.(Фото: СДК.МК)

    ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе во Собранието три предлог закони во скратена постапка, за кои што еден од координаторите на опозициската партија Илија Димовски побара поддршка од владејачкото мнозинство. За возврат, кажа Димовски, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи трите предлог закони на СДСМ, кои што во петокот ги најави координаторот Томислав Тунтев.

    ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог закон за зголемувањето на платите на целата администрација за 5 отсто, за измена на законот за извршителите со кои што трошоците за извршување нема да ја надминуваат главнината на долгот и закон за ваучери од 300 евра за компјутери за студентите, чии семејства немаат приходи поголеми од две просечни плати.

    СДСМ на денешната седница има три предлог закони во скратена постапка. Станува збор за измените на законот за минимална плата кои што ги засегаат кожарските и текстилните работници, закон за стечајци и закон за укинување на радиодифузната такса.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира