АКО МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ПОВИКУВААТ НА БОЈКОТ НА ПОПИСОТ, ПОМАЛКУ МАКЕДОНЦИ ЌЕ БИДАТ ПОПИШАНИ, ВЕЛИ ЗАЕВ

    АКО МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ПОВИКУВААТ НА БОЈКОТ НА ПОПИСОТ, ПОМАЛКУ МАКЕДОНЦИ ЌЕ БИДАТ ПОПИШАНИ, ВЕЛИ ЗАЕВПрашан до каде се вакцините од Србија, Заев кажа дека сабајлево повторно се слушнал со српската премиерка Ана Брнабиќ. (Фото: Влада)

    Премиерот Зоран Заев не гледа ниту една причина за одложување или неспроведување на пописот во април годинава и кажа дека тие што повикуваат на бојкот на пописот ги тераат граѓаните да го кршат законот.

    „Не гледам ниту промил причини за негово одложување или неспроведување. Никаде, па ни кај нас, посебно затоа што немаме потпис повеќе од 10 години. Мене ми е драго што кај опозицијата не го гледам зборот ‘бојкот’, туку ‘непризнавање на резултатите’, зашто да терате некој на бојкот е да ги терате граѓаните да го кршат законот. Кој ќе им ги плати казните на граѓаните што ги ставил во такви околности. Ако било кој македонски политичар даде инструкции да седат граѓаните дома, тогаш тие македонски граѓани ќе бидат помалку попишани. Албански политичар може истото да го направи, и тогаш Албанци ќе бидат попишани помалку. Истото е и со Бошњаци, Турци, Срби, Власи, Роми… Или ако организираат во Карбинци, Кочани, Делчево, Дебар… Тие граѓани ќе патат, за тие општини ќе нема соодветно пари според проекциите на државата“, кажа Заев, одговарајќи на новинарско прашање на почетокот на изградба на спортска сала во Стајковци во Гази Баба.

    Прашан до каде се вакцините од Србија, Заев кажа дека сабајлево повторно се слушнал со српската премиерка Ана Брнабиќ, која ќе испрати и втора замолница до “Фајзер“ да им дозволи да можат да ги извезат во Македонија. Тој рече и дека македонското Министерство здравство, исто така, ургира да бидат одобрени.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира