АКО НЕ ФОРМИРАТЕ ПРАТЕНИЧКА ГРУПА, ЌЕ СЕ ИЗЈАСНУВАТЕ ПОЕДИНЕЧНО ДАЛИ ПРИПАЃАТЕ НА КОАЛИЦИЈАТА СО 51 ПРАТЕНИК, ИМ РЕЧЕ ЏАФЕРИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ

    АКО НЕ ФОРМИРАТЕ ПРАТЕНИЧКА ГРУПА, ЌЕ СЕ ИЗЈАСНУВАТЕ ПОЕДИНЕЧНО ДАЛИ ПРИПАЃАТЕ НА КОАЛИЦИЈАТА СО 51 ПРАТЕНИК, ИМ РЕЧЕ ЏАФЕРИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕОд колегијални причини, Џафери ќе дава збор на пратеникот Илија Димовски со кого се договориле дека ќе ги менаџира пратениците без пратеничка група. - Претседателот на Собранието Талат Џафери (Фото: СДК.МК)

    По тропањето на масите во пленарната сала од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за да добијат збор тие кои се пријавија индивидуално кај собранискиот спикер Талат Џафери, денеска тој им го најави следново:

    „Уште еднаш апелирам, дајте формирајте пратеничка група. Ако не, ќе мора, според Деловникот, поединечно да се изјасните дали останувате во коалицијата во која сте биле избрани и која освоила 51 пратеник, или ќе делувате според персоналните изјаснувања“.

    Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ шест месеци од конституирањето на Собранието, се единствените кои не формирале пратеничка група. Тие и денеска му укажаа на Џафери дека е должен на секој од нив, како индивидуален пратеник кој не припаѓа на пратеничка група, да му даде збор за процедурална забелешка.

    Џафери, кој очигледно нема да дозволи на ваков начин да се блокира работата на Собранието и седниците да заглават на безброј процедурални забелешки, рече дека од колегијални причини, ќе дава збор на пратеникот Илија Димовски со кого се договориле дека ќе ги менаџира пратениците без пратеничка група, и на двајцата негови заменици. Во спротивно, рече, ќе мора да се изјасните дали сте независни пратеници, надвор од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ која освои 51 пратеник.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира