Координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев, во име на парламентарното мнозинство, ги повика колегите од ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски пратеници да гласаат за владиниот Предлог за пристапување кон уставни измени, бидејќи нема друга алтернатива, т.е. друга алтернатива е изолација и криза.
„Ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаат за предлогот за пристапување кон измени на Уставот, тогаш веднаш ќе се распушти парламентот и ќе се оди на предвремени парламентарни избори“, рече Тунтев.
Тој ги повика опозициските пратеници да се надминат себеси и да гласаат за иднината, а не да го поддржуваат антизападниот став на нивниот лидер Христијан Мицкоски.
„Изборите ќе бидат организирани согласно роковите предвидени во Уставот“, рече Тунтев.
Г. ТРПЕНОСКИ