Собранискиот спикер Талат Џафери по кусата пауза им се обрати на пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека нема намера да прави и да дозволи тензии во Собранието и оти ќе му даде збор процедурално на пратеникот Антонијо Милошоски, што и беше причина уште на почетокот на денешната седница за разрешувањето на државниот обвинител Марко Зврлевски да биде прекината.
ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СО ЖИВ ЅИД ГО БРАНАТ ЗВРЛЕВСКИ ОД РАЗРЕШУВАЊЕ
„Со или без ваша волја, ќе продолжи работата на Собранието. Ако сте тука да предизвикате инцидент, нема да го дозволам тоа“, им рече Џафери на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
На тоа, пратникот ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски од место му дофрли: „Ако ти се широки кондурите и не си способен да менаџираш, дај го местото на друг“.
Џафери возврати: „Вие можете да донесете и тенџериња од дома и да тропате, јас ќе продолжам да работам“.
С. К. ДЕЛЕВСКА