АКТЕРКАТА БИЛЈАНА БЕЛИЧАНЕЦ Е ПРОНАЈДЕНА МРТВА, ПОТВРДИЈА ОД МВР

    АКТЕРКАТА БИЛЈАНА БЕЛИЧАНЕЦ Е ПРОНАЈДЕНА МРТВА, ПОТВРДИЈА ОД МВР

    Актерката и поранешна градоначалничка на Општина Кисела Водa Билјана Беличанец е пронајдена мртва, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од МВР.

    Неофицијално, од извори на истрагата дознаваме дека е најдена обесена во бања во стан во центарот на Скопје. Смртта ја пријавил член на семејството во сабота околу 22.40 часот.

    Имаше неполни 46 години. Зад себе остави две малолетни деца.

    Нејзин матичен театар е Драмскиот театар во Скопје.

    Беличанец беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода од 2013 до 2017.

    Нејзини последни претстави се „Генетика на кучињата“ што потоа беше прекрстена во „Господа Глембаевски“  и „Последните Македонци“ во Драмскиот театар.

    Беличанец глумеше во повеќе ТВ-проекти како „Здраво генијалци“ и натсихронизираше гласови во турски серии, од кои најмногу беше позната по улогата на Хурем во „Сулејман Величествениот“.

    Двете деца и се од првиот брак со познат скопски стоматолог.

    Неодамна втор пат се омажи со режисерот Сашо Миленковски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира