АКЦИЈА НА ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗА ШВЕРЦ НА ТУТУН ВО СКОПСКИ ЉУБОТЕН

    АКЦИЈА НА ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗА ШВЕРЦ НА ТУТУН ВО СКОПСКИ ЉУБОТЕНОд Финансиска полиција апелираат до граѓаните во реоните каде што се спроведуваат активностите да соработуваат со цел расчистување на случајот. (архивска фотографија)

    Управата за финансиска полиција во соработка со Министерството за внатрешни работи денеска спроведува акција во скопското село Љуботен врз основа на сомнение за сторени кривични дела криумчарење на акцизна стока и царинска измама, соопшти Финансиската полиција. Полицијата во селото одзема тутун од објектите во кои е извршен претрес.

    Од Финансиска полиција апелираат до граѓаните во реоните каде што се спроведуваат активностите да соработуваат со цел расчистување на случајот.

    „Поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела, криумчарење на акцизна стока и царинска измама, Управата за финансиска полиција во соработка со Министерството за внатрешни работи, спроведува акција за проверка. Во интерес на истрагата не би можеле да споделиме повеќе информации. Очекуваме и бараме соработка од граѓаните во реоните каде се спроведува активности, со цел расчистување на случајот“, се вели во соопштението на Финансиска полиција.

    Оттаму најавија прес-конференција во текот на денот со подетални информации за акцијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира