АКЦИЗАТА ЗА НАФТАТА ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА ТРИ ДЕНАРИ ЗА ДА СЕ НАМАЛИ УПОТРЕБАТА НА ДИЗЕЛ ГОРИВА, КАЖА ТЕВДОВСКИ

    АКЦИЗАТА ЗА НАФТАТА ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА ТРИ ДЕНАРИ ЗА ДА СЕ НАМАЛИ УПОТРЕБАТА НА ДИЗЕЛ ГОРИВА, КАЖА ТЕВДОВСКИАкцизата на нафтата се зголемува согласно препораките на Европската Унија. - Министерот за финансии Драган Тевдовски и советникот Бранимир Јовановиќ (Фото: СДК.МК)

    Зголемување на акцизата за нафта за три денари е предвидено со предлог буџетот за 2018 година, за кој што во тек е јавна расправа во Министерство за финансии. Драган Тевдовски, министер за финансии, кажа дека акцизата на нафтата, поточно на дизелот, се зголемува согласно препораките на Европската Унија, да се дестимулира употребата на дизел горивата за да се намали загaдувањето на животната средина.

    „Препораките од ЕУ се дека овие акцизи треба да бидат 0,33 евроценти, а кај нас сега е 0,20 евроценти. Со зголемувањето ќе биде 0,26 евроценти”, рече Тевдовски и додаде дека се зголемува и акцизата за екстралесното масло за домаќинства.

    Тој објасни дека практично цената на дизелот ќе се зголеми за 3,5 денари. Со ова зголемување на акцизата за нафта да се зголеми приходот во буџетот за 1,6 милијарди денари, а од ДДВ од продажба на дизелот приходот да се зголеми за 350 милиони денари.

    „Овие средства ќе се искористат за инвестиции во патиштата преку Јавното претпријатие за државни патишта”, рече Тевдовски.

    Со предлог буџетот планирано е зголемување на основицата за придонеси, односно место 12 просечни плати како основица за пресметка на придонеси, од следната година таа ќе биде 16 просечни плати. Тевдовски кажа дека со тоа сакаат да обезбедат поправедно наплаќање на придонесите и дека ова ќе ги засегне оние со повисоки плати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира