АЛБАНСКИТЕ ОПОЗИЦИОНИ ПАРТИИ СЕ ОБЕДИНИЈА ВО КОАЛИЦИЈАТА „ВРЕДНОСТ“

    АЛБАНСКИТЕ ОПОЗИЦИОНИ ПАРТИИ СЕ ОБЕДИНИЈА ВО КОАЛИЦИЈАТА „ВРЕДНОСТ“Касами, Гаши, Таравари, Меџити и Ќоку потпишаа Декларација за обединување во пресрет на претседателските и парламентарни избори. (Фото: Фејсбук)

    Алијанса за Албанците на Арбен Таравари и партиите од коалицијата Европски сојуз за промени (ЕСП), Демократско движење на Изет Меџити, Движењето БЕСА на Биљал Касами и Алтернатива на Африм Гаши, денеска потпишаа Декларација за обединување во пресрет на претседателските и парламентарни избори. Kоалицијата „Вредност“ ќе ѝ се спротивстви на ДУИ на претстојните претседателски и парламентарни избори. Декларацијата за соработка ја потпиша и Беким Ќоку, поранешен пратеник во македонското Собрание и член на Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти, партија која пред два месеца изјави дека ќе учествува на парламентарните избори во земјава преку свои претставници кои имаат македонско државјанство.

    „Денеска се официјализира соработката помеѓу албанските опозициски партии првпат после 2011 година кога Албанците генерално гласаат за промени, но не успеваа опозициските партии да најдат заеднички јазик да соработуваат. Јас сум многу среќен што потпишавме Декларација за соработка и се надевам на 8 мај ќе се случи долгоочекуваната промена во албанскиот политички блок“, рече Таравари, кој ќе биде заеднички кандидат за претседател на државата.

    Коалицијата ќе има и заеднички листи за пратеници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира