АЛЕКСАНДАР НИКОЛОВСКИ ВИНОВЕН ЗА КЛЕВЕТА ПРОТИВ ВИЦЕ ЗАЕВ, НО НЕМА ДА МУ ПЛАТИ 500 ЕВРА ОТШТЕТА

    АЛЕКСАНДАР НИКОЛОВСКИ ВИНОВЕН ЗА КЛЕВЕТА ПРОТИВ ВИЦЕ ЗАЕВ, НО НЕМА ДА МУ ПЛАТИ 500 ЕВРА ОТШТЕТАВице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, го тужеше Николовски за телефонска изјава во телевизиска дебата, каде прашан што се западни вредности за ВМРО-ДПМНЕ, тој вели дека „сигурно не се наместени тендери за братот на премиерот Вице Заев“. (Фото: СДК.МК)

    Се утврдува граѓанска одговорност за клевета на тужениот Александар Николовски од Охрид, тужен од Вице Заев од Струмица, ја соопшти одлуката судијата Кети Германова од Граѓанскиот суд.

    „Тужбеното барање на тужителот Вице Заев од Струмица против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски Основниот суд Скопје 2 делумно го прифати“, рече таа. Но, судот одби да го казни Николовски со 500 евра, како што бараше со тужбата братот на премиерот Зоран Заев.

    Судот само делумно ја прифати тужбата, во делот кај што тврди Николовски без да ги провери фактите за наместени тендери од страна на Владата, а кои ги поврзува со Вице, братот на премиерот Зоран Заев.

    Николовски рече дека делумно е задоволен од одлуката на Судот. Најави жалба до Апелација.

    Во доказната постапка за навреда и клевета во случајот Вице Заев против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николовски, на предлог на тужениот Николовски на минатото рочиште беа читани текстови и наслови од Курир, Нетпрес, Денешен, Инфомакс и други, за „кланот Заев“, за бизниси и зделки на Вице Заев, обвинувања и написи за наводни криминални тендери.

    Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, го тужеше Николовски за телефонска изјава во телевизиска дебата, каде прашан што се западни вредности за ВМРО-ДПМНЕ, тој вели дека „сигурно не се наместени тендери за братот на премиерот Вице Заев“.

    Се читаше наслов од Инфомакс за општинско земјиште во Струмица, чиј краен сопственик бил Вице Заев. Потоа серија текстови за тендери, што според овие медиуми, ги добивал Вице Заев, па како станал главен бизнис фактор во државата, за фирмите на Заев наводно со годишен профит од 2 милиони евра и други текстови од Курир, Лидер и други медиуми.

    „Изјавата дека со наместени тендери и бизниси тужителот Вице Заев станал главен бизнис фактор во државата е измислица и целта е да му се нанесе штета на честа и угледот на тужителот, но и навреда и штета и на членовите на неговото семејство“, рече адвокатот на Вице Заев.

    „Изјавата е дадена за да се упати критика на Владата предводена од СДСМ, со оглед на се поголемите критики во јавноста, а не да навредам некого. Делот во изјавата за наместени тендери не се однесува на Вице Заев, туку на работата на Владата. Работа на опозицијата е да ја критикува власта“, рече Александар Николовски на минатото рочиште.

    Тоа што сум го кажал, сум го прочитал претходно во медиумите и сум имал причина да поверувам во пишуваното, дополни тој.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира