АЛИ АХМЕТИ ПОМИНА НА ЦРВЕНО НА СТРАЖА ОТИ БРЗАЛ НА ЛИДЕРСКА СРЕДБА

    АЛИ АХМЕТИ ПОМИНА НА ЦРВЕНО НА СТРАЖА ОТИ БРЗАЛ НА ЛИДЕРСКА СРЕДБАВозило во кое се превезуваше лидерот на ДУИ Али Ахмети се одвои од колоната и помина на црвено светло. (Фото: принтскрин од видео направено со телефон)

    Претседателот на ДУИ Али Ахмети помина на црвено светло на семафорот кај мостот што се реновира кај Стража, според снимката што ја испрати читател до редакцијата на САКАМДАКАЖАМ.МК. Снимката е направена околу 8 часот наутро во понеделникот, 23 јули, пред лидерската средба во Клубот на пратеници во Скопје која почна во 9 часот.

    Од ДУИ ни потврдија дека видеото е автентично и дека во возилото се превезувал Ахмети на пат кон лидерската средба, но велат дека во ниту еден момент не била загрозена безбедноста на возачите од спротивната страна, бидејќи полицијата била информирана за движењето на Ахмети и тие биле сопрени.

    Од партијата на Ахмети велат дека нивниот лидер постојано патува од неговото живеалиште во Зајас до Скопје и никогаш не чека на семафорите на потегот од Стража до Гостивар од безбедносни причини, со оглед на тоа што во минатото имало неколку обиди за атентат.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира