„АЛКАЛОИД“ ЌЕ БАРА ФРАНЦУСКИ ПАРТНЕРИ ЗА ИСТРАЖУВАЊА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    „АЛКАЛОИД“ ЌЕ БАРА ФРАНЦУСКИ ПАРТНЕРИ ЗА ИСТРАЖУВАЊА

    Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние најави дека со скопски „Алкалоид“ заеднички ќе се обидат да воспостават соработка во истражувања со француски фармацевтски компании.

    „Особено сум среќен што ‘Алкалоид’ успешно соработува со неколку француски фармацевтски компании, но заеднички ќе се обидеме да го зголемиме нивниот број во иднина и да воспоставиме  продлабочена соработка во делот на истражувањето, што би било од големо значење за двете земји. ‘Алкалоид’ е успешна приказна, која покажува дека кога постои знаење, сé се може“, рече Тимоние при денешната посета по повод 80-годишнината на компанијата и новиот Центар за контрола на квалитет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира