АЛКАЛОИД ОТВОРИ НОВ ЦЕНТАР ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АЛКАЛОИД ОТВОРИ НОВ ЦЕНТАР ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ

    „Алкалоид„ денеска свечено го отвори новиот центар за контрола на квалитетот.
    Во новиот центар од 3.000 метри квадратни се инвестирани на над пет милиони евра. Во него се врши контрола на суровините, контактна и секундарна амбалажа, контрола на фазното производство и готовите производи, микробиолошка контрола и стабилност на фармацевтска производи, валидациони активности и мониторинг и изработка на аналитичка документација за регистрационите активности за фармацевтските производи.

    Во Центарот за контрола на квалитетот работат на 100 стручни кадри.

    Претседателот на Управниот одбор Живко Мукаетов на отварањето рече дека „новиот Центар ја потврдува стратешката определба на компанијата за производство на квалитетни, ценовно достапни, безбедни и ефикасни лекови изработени во согласност со најстрогите светски стандарди“.

    Тој рече дека со комплетирањето на оваа инвестиција, „Алкалоид“ ја потврди својата определба за производство на квалитетни, ценовно достапни, безбедни и ефикасни лекови, кои преку нивната мрежа од 16 подружници и четири претставништва надвор од Македонија се пласирани на пазарите во повеќе од 30 земји од светот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари