„АЛКАЛОИД“ ПРВ ВО СВЕТОТ РАЗВИ ТЕЧНА ФОРМА НА ЛЕКОТ „ОМЕПРАЗОЛ“, НАМЕНЕТ ЗА ПАЦИЕНТИ КОИ ИМААТ ПРОБЛЕМИ СО ГОЛТАЊЕТО

    „АЛКАЛОИД“ ПРВ ВО СВЕТОТ РАЗВИ ТЕЧНА ФОРМА НА ЛЕКОТ „ОМЕПРАЗОЛ“, НАМЕНЕТ ЗА ПАЦИЕНТИ КОИ ИМААТ ПРОБЛЕМИ СО ГОЛТАЊЕТОЗа растворот „омепразол“ „Алкалоид“ го доби првиот интернационален патент за лек со додадена вредност (Фото: Алкалоид)

    „Алкалоид“ прв во светот разви течна форма на лекот „омепразол“, наменет, пред сѐ, за третман на рефлуксен езофагитис и гастроезофагеална рефлуксна болест кај мали деца кои не можат да голтаат таблети, како и кај возрасни пациенти кои имаат тешкотии со голтањето или воопшто не можат да голтаат.

    Двокоморското пакување се состои од два посебни раствора кои автоматски се мешаат при отворањето и така се добива готов производ. Производот има пријатен вкус на лимон и ментол и не содржи шеќер, сорбитол и бои. Заради производството на овој лек, компанијата инвестираше во наменски изработена машина соодветна за овој иновативен производ, осигурувајќи ефикасен и одржлив синџир на негова испорака низ светот.

    За растворот „омепразол“ „Алкалоид“ го доби првиот интернационален патент за лек со додадена вредност, а веќе се добиени одобренија за негово ставање во промет во Македонија и Обединетото Кралство. Во тек се регистрациските постапки за земјите во Европа.

    „‘Алкалоид‘ во изминативе години започна процес на редизајнирање на постојни генерички фармацевтски производи за нови индикации, со цел создавање лекови со додадена вредност кои овозможуваат третирање и задоволување на потребите на индивидуални или на специфични групи пациенти. Стратешките инвестиции во модернизација на производственото портфолио доведоа до успешен развој на првиот патентиран лек со додадена вредност на ‘Алкалоид‘, наменет, пред сѐ, за третман на рефлуксен езофагитис и на гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ) кај мали деца кои не можат да голтаат таблети, како и кај возрасни пациенти кои имаат тешкотии со голтањето и неможност за голтање. Овие заболувањa се едни од најчестите во гастроентерохепатологијата“, велат од „Алкалоид“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира