АМБАСАДОРКАТА БРНЗ ГО БРИФИРАШЕ МИЦКОСКИ ЗА ИЗВРШНАТА НАРЕДБА НА БАЈДЕН ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН

    АМБАСАДОРКАТА БРНЗ ГО БРИФИРАШЕ МИЦКОСКИ ЗА ИЗВРШНАТА НАРЕДБА НА БАЈДЕН ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАНАмериканскиот претседател Џо Бајден ја потпиша новата Извршна наредба за Западен Балкан на 9 јуни. (Фото: Твитер)

    Американската амбасадорка Кејт Брнз денеска се сретна со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за да го брифира за новата извршна наредба на американскиот претседател Џо Бајден за Западен Балкан.

    „Извршната наредба е одраз на посветеноста на администрацијата на Бајден за борба против корупцијата и зајакнување на демократските институции, кои се важни приоритети и треба да бидат прифатени од сите партии во Северна Македонија за да може земјата да влезе во ЕУ и да се подобрат животите на нејзините граѓани“, твитна Брнз по средбата со Мицкоски.

    Од ВМРО-ДПМНЕ досега нема соопштение за средбата.

    Бајден ја потпиша новата Извршна наредба за Западен Балкан на 9 јуни и со неа се предвидува замрзнување на имотот и забрана за влез во САД на лица кои ја загрозуваат стабилноста на регионот. Такви лица, според САД, се оние кои се вклучени во корупција или работат против регионални договори, вклучувајќи ги Договорот од Преспа и Охридскиот рамковен договор.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира