АМБАСАДОРОТ ВО ЈАПОНИЈА НЕ Е ПОВЛЕЧЕН ПОРАДИ СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ, ВЕЛАТ ОД МНР

    АМБАСАДОРОТ ВО ЈАПОНИЈА НЕ Е ПОВЛЕЧЕН ПОРАДИ СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ, ВЕЛАТ ОД МНРОд МНР вчера соопштија дека амбасадорот Горан Цеков е повлечен од Јапонија поради незадоволителни резултати и работи со кои им се причинува штета на интересите на државата. (Фото: СДК.МК)

    Причините за повлекувањето на македонскиот амбасадор во Јапонија не се совпаѓаат со нападите изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивните претставници, велат од Министерството за надворешни работи, откако претходно денеска пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Благица Лaсоска кажа дека тој „извршил сексуално вознемирување врз повеќе жени за што е пријавуван неколку пати“.

    „Како што веќе објавивме, повлекувањето на досегашниот амбасадор во Јапонија беше спроведено во редовна постапка, согласно законските прописи и внатрешните уредби во Министерството за надворешни работи и со почитување на сите процедури. Во оваа прилика дозволете да информираме дека Комисијата во рамките на Министерството, како причини за повлекувањето на амбасадорот констатираше причини кои не се совпаѓаат со нападите изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивните претставници“, велат од МНР.

    Понатаму, од министерството велат дека со пласирањето шпекулации и непроверени наводи кои не се потврдени, се нанесува лична штета кон човекот, кон неговото семејство, и неговите блиски и ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ дека директно ѝ нанесува штета на дипломатијата и на односите со пријателска земја како што е Јапонија.

    Вчера, од МНР соопштија дека амбасадорот Горан Цеков е повлечен од Јапонија поради незадоволителни резултати и работи со кои им се причинува штета на интересите на државата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира