МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ ИМААТ КЛУЧНА УЛОГА И ГОДИНАВА ВО СПРАВУВАЊЕТО СО ПАНДЕМИЈАТА, КАЖА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА БРНЗ, КОЈА ДОНИРАШЕ КРВ ПО ПОВОД 11 СЕПТЕМВРИ

    МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ ИМААТ КЛУЧНА УЛОГА И ГОДИНАВА ВО СПРАВУВАЊЕТО СО ПАНДЕМИЈАТА, КАЖА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА БРНЗ, КОЈА ДОНИРАШЕ КРВ ПО ПОВОД 11 СЕПТЕМВРИБрнз кажа дека одбележувањето на 19-годишнината од нападите врз САД е посветено на медицинските сестри за нивната служба во 2020 (Фото: Јутјуб/МИА)

    Американската амбасадорка во Македонија Кејт Мари Брнз донираше крв во рамките на традиционалната акција која 12 години се одржува во знак на сеќавање на жртвите на терористичките напади во САД во 2001.

    Таа кажа дека медицинските сестри се во фокусот на одбележувањето на 19-годишнината од нападите врз Њујорк и Вашингтон, со што се оддава признание за нивната посветена и храбра работа во пандемијата на коронавирусот.

    „Овој ден го посветуваме на медицинските сестри за нивната служба во 2020. Тие имаат клучна улога не само по терористички напади, во воени и кризни подрачја, туку, годинава, и во справувањето со пандемијата на ковид-19. Тие прават многу повеќе од давање медицинска помош“, кажа Брнз.

    Амбасадата на САД и Црвен крст на Град Скопје првпат ја организираа оваа крводарителска акција во 2009 година. Таа почна денеска и ќе трае до следниот петок.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира