Со 84 гласови „за“ и 2 „против“, американскиот Сенат вчера изгласа ратификицијата на Пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО да оди по скратена постапка.
САД се очекува попладнево по македонско време да станат 25. земја што го ратификувала Протоколот и за да стапи во сила потребно е уште четири земји членки да го ратификуваат, по што би следувал приемот на Северна Македонија во НАТО. Се очекува тоа да се случи на Самитот на НАТО на почетокот на декември.
Пречка за тоа може да се изборите во Шпанија, закажани за 10 ноември, поради што е распуштен парламентот и неизвесно е кога ќе се конституира новиот состав.
Пристапниот протокол беше потпишан од амбасадорите на земјите членки во НАТО на 6 февруари.