ДУИ НЕМА ДА ГЛАСА ЗА ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:294:"Заизменитештогипредложијадветевладејачкипратеничкигрупи,задасеизгласаатвоСобранието,неможедасеобезбедидвотретинскомнозинствоод82пратеници";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДУИ НЕМА ДА ГЛАСА ЗА ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА

    Пратеничката група на ДУИ, нема да гласа за измените на Законот за кривична постапка, потврдија од партијата.  Одлуката на владиниот коалиционен партнер дојде како изненадување затоа што и ДУИ е потпишана како предлагач на измените на Законот за кривична постапка заедно со ВМРО-ДПМНЕ.

    „Идејата беше измените на законот да бидат изгласани со консензус со опозицијата.  Со оглед на тоа дека не е постигнат консензус, ние како ДУИ не сме подготвени во вакви абнормални услови, во вакво политичко опкружување да гласаме за измените“, изјави потпретседателот на Собранието Рафис Алити, пратеник на ДУИ.

    Ненадејната промена на ставот на ДУИ, како што дознаваме, дошла  после вчерашната твитер објава на Американската амбасада дека е изненадена од брзината и од опсегот на конкретните измени на Законот за кривична постапка што се предложени за усвојување по куса постапка во Собранието. „САД со години и помагаа на Македонија за Законот за кривична постапка, работната група имаше многу препораки. Затоа, изненадени сме од предложените измени: зошто сега, зошто се брза, зошто само овие измени?“, објави  Амбасадата на САД на Твитер со хаштагот – прашање на денот.

    Пратениците на ДПА  и на опозицијата  претходно  изјавија  дека нема да го поддржат предлогот за измени на ЗКП.  Со тоа, за измените што ги предложија двете пратенички групи од владиното мнозинство, за да се изгласаат во Собранието, не може да се обезбеди двотретинско мнозинство од 82 пратеници.

    Твитерот на Амбасадата на САД што ги премисли партнерите на Груевски

    Твитерот на Амбасадата на САД што ги премисли партнерите на Груевски

    Предлогот за измените на Законот по куса постапка во Собранието следеше во понеделникот веднаш по прес-конференцијата на Специјалното обвинителство за случајот „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошкоски, како и по најавата за проширување на случајот „Титаник“, за изборни нерегуларности. И во двата случаи осомничени се високи функциониери на ВМРО-ДПМНЕ.

    Според предложените измени,  со членот 1 се врши измена на рокот во кој осомничениот има право во рок од 15 дена од приемот на известувањето на јавниот обвинител за завршување на истражната постапка да поднесе исправи или други докази, списи од дејствијата на одбраната, или да бара од јавниот обвинител да собере пределени докази. Со Предлогот на Законот се предлага овој рок да биде 90 дена. Исто така, за кривични дела од областа на организираниот криминал рокот може да биде продолжен од страна на јавниот обвинител на Република Македонија за уште шест месеци.

     

     

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира