АНДИ ИСМАИЛИ СТАНА ЈУНИОРСКИ ЕВРОПСКИ ПРВАК ВО МОДЕРЕН ТАНЦ

    АНДИ ИСМАИЛИ СТАНА ЈУНИОРСКИ ЕВРОПСКИ ПРВАК ВО МОДЕРЕН ТАНЦИсмаили по победата на ЕП во Скопје (Фото: Фејсбук)

    Младиот гостиварец Анди Исмаили ја освои титулата во модерен танц на ИДО Европското првенство во балет, џез и модерен танц, што се одржуваше во салата „Јане Сандански“ во Скопје од 8 до 11 септември. Тринаесетгодишниот Исмаили славеше во конкуренција на јуниори, пред Полјакот Натан Гжибовски и Словакот Адријан Баркол.

    Иако е многу млад, ова не е прва голема титула за Исмаили. Тој е двократен светски јуниорски шампион во модерен танц: првото злато го освои во 2019, а потоа ја одбрани титула на Светското првенство во Полска, што се одржа минатиот декември.

    Исмаили е член на танцовото студио „Ај денс“ од Гостивар, а со танц почнал да се занимава во 2017, по што брзо почнал да го докажува својот вонсериски талент.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира