АНГЕЛОВСКА СЕ СРЕТНА СО ПОРАНЕШНИТЕ МИНИСТРИ ЗА ФИНАНСИИ, НЕ ДОЈДОА ТЕВДОВСКИ, СТАВРЕСКИ И СЛАВЕВСКИ

    АНГЕЛОВСКА СЕ СРЕТНА СО ПОРАНЕШНИТЕ МИНИСТРИ ЗА ФИНАНСИИ, НЕ ДОЈДОА ТЕВДОВСКИ, СТАВРЕСКИ И СЛАВЕВСКИМинистерката Нина Ангеловска на средбата со поранешните министри Таки Фити, Џевдет Хајредини, Петар Гошев, Никола Поповски и Кирил Миновски.(Фото: Фејсбук)

    Министерката за финансии Нина Ангеловска во вторникот имаше средба со поранешните министри за финансии. Ангеловка во нејзиниот кабинет ги повикала сите досегашни министри и поканата ја прифатија Таки Фити, Џевдет Хајредини, Петар Гошев, Никола Поповски и Кирил Миновски. Трајко Славевски, Зоран Ставрески и нејзиниот претходник Драган Тевдовски не беа на средбата бидејќи имале други обврски.

    „На мое големо задоволство, во неколкучасовна пријатна дружба ги слушнав искуствата на академик професор д-р Таки Фити, Џевдет Хајредини, м-р Петар Гошев, професор д-р Никола Поповски и д-р Кирил Миновски. Разговаравме и за приликите во кои тие требало да носат одлуки и за нивниот придонес кон она што е денес Министерството за финансии. На средбата беа поканети сите досегашни министри за финансии. Оние кои не присуствуваа ни одговорија дека не се во можност да дојдат, и ни посакаа успешна работа“, вели министерката Ангеловска.

    Ангеловска е министерка за финансии од 31 август годинава.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари