АНТИКОРУПЦИСКА ЌЕ ГО ПРИЈАВИ ИВИЦА КОНЕВСКИ ВО ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА, ГО СОМНИЧИ ДЕКА ЗА МАРКИЧКАТА КАЈ МАЈЧИН ДОМ ДОБИЛ ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ВО 9-КАТНИЦА

    АНТИКОРУПЦИСКА ЌЕ ГО ПРИЈАВИ ИВИЦА КОНЕВСКИ ВО ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА, ГО СОМНИЧИ ДЕКА ЗА МАРКИЧКАТА КАЈ МАЈЧИН ДОМ ДОБИЛ ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ВО 9-КАТНИЦАКоневски најавил дека деловниот простор од 312 метри квадратни во кој се Тинекс и Авицена, ќе го исплател од договорот за закуп со кираџиите (Фото:СДК.МК)

    Поранешниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски од ВМРО-ДПМНЕ е осомничен од Антикорупциската комисија дека за лична корист – добивање на деловен простор од 312 метри квадратни, ја искористил градоначалничката функција за да го смени деталниот урбанистички план кај Мајчин дом и место зеленилото, да нацрта зграда.

    Тоа е просторот во кој сега се наоѓаат маркетот Тинекс и лабораторијата Авицена во огромната 9-катница кај Мајчин дом, на чие место отсекогаш имаше нацртано зеленило во ДУП.

    Антикорупциската комисија на последниот ден од мандатот, одлучи на Финансовата полиција и на Обвинителството да им достави предмет против Ивица Коневски со сите наводи и сомневања, за да испитаат како што кажа претседателката Билјана Ивановска, како го стекнал тој деловен простор или откај му се средствата.

    „Овој предмет е оформен по сопствена иницијатива, по допрен глас, за изградба на зграда кај Мајчин Дом. Во време на владеењето на градоначалникот Ивица Коневски, бил сменет Деталниот урбанистички план на начин што се избришало зеленилото, а се впишала маркица за 9-катна зграда. Подоцна Коневски станал сопственик на простор од 312 метри квадратни, кој договор го склучил со сопственикот ‘ЗПС Комерц’. Навел дека ќе го исплател преку договорен закуп со фирмата ‘Тинекс’ (на 12 години) и со ‘Авицена’ како закупец, за периодот од 2022 до 2027 година“, кажа претседателката Ивановска.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира