АПТЕКИТЕ И ОВОЈ МЕСЕЦ ЌЕ ДОБИЈАТ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КВОТИТЕ ЗА 12.000 ДЕНАРИ, ВЕЛИ ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО

    АПТЕКИТЕ И ОВОЈ МЕСЕЦ ЌЕ ДОБИЈАТ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КВОТИТЕ ЗА 12.000 ДЕНАРИ, ВЕЛИ ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВОЗголемување на квотите од 12.000 денари ќе добијат 776 аптеки со кои ФЗОМ има склучено договор.-директорите на ФЗОМ Ден Дончев и Орхан Рамадани (Фото: МИА)

    Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) и овој месец ќе ги зголеми квотите на аптеките, откако изминативе денови граѓаните реагираа дека не можат да подигнат лек на рецепт. Од ФЗОМ соопштија дека 776 аптеки ќе добијат 12.000 денари зголемени квоти за март.

    „Седумстотини седумдесет и шест приватни здравствени установи – аптеки, со кои Фондот за здравствeнo осигурување во моментов има склучено договор, за месец март ќе добијат рамномерно зголемување на квотите за лекови за 12.000 денари. Континуирано ја следиме достапноста до лековите на рецепт и работиме на обезбедување подобра снабденост со лекови во текот на целиот месец. Ова го правиме за да можат осигурениците да ги подигнуваат потребните лекови во аптеките во близина на нивното место на живеење“, велат од ФЗОМ.

    Од Фондот велат дека линеарно зголемување на квотите обезбедиле за сите аптеки, освен за оние кои веќе имааат максимална месечна квота од 650.000 денари, и дека зголемувањето ќе важи само за месец март.

    „Сакаме да укажеме дека еден од условите за зголемување на месечната квота е аптеките да издаваат најмалку 20 отсто лекови за кои осигурениците не треба да доплаќаат. Продолжуваме внимателно да ги следиме состојбите со достапноста налековите на рецепт во аптеките“, велат од ФЗОМ.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира