АРМИСКИТЕ ХЕЛИКОПТЕРИ НЕМААТ ТЕХНИЧКА МОЖНОСТ ДА ЛЕТААТ НОЌЕ, ЌЕ СЕ ВКЛУЧАТ ВО ГАСНЕЊЕТО ПОЖАРИ УТРЕ НАУТРО, ВЕЛИ ПЕНДАРОВСКИ

    АРМИСКИТЕ ХЕЛИКОПТЕРИ НЕМААТ ТЕХНИЧКА МОЖНОСТ ДА ЛЕТААТ НОЌЕ, ЌЕ СЕ ВКЛУЧАТ ВО ГАСНЕЊЕТО ПОЖАРИ УТРЕ НАУТРО, ВЕЛИ ПЕНДАРОВСКИДенеска низ Македонија горат пожари во 12 региони, а најкритично е во Кочани. (архивска фотографија)

    Хеликоптерите на армијата немаат техничка можност да летаат во ноќни услови и тоа е единствената причина заради која во гаснење на пожарите ќе се вклучат во раните утрински часови, објави вечерва претседателот Стево Пендаровски.

    Тој претходно кажа дека дал наредба за ангажман на армијата во гаснењето пожари низ земјата и одобрил употреба на воздухопловите, кои веќе интервенираа во Старо Нагоричане, а најави дека утре наутро одат на помош во Кочани.

    Пендаровски кажа и дека вечерва имал телефонски разговор со претседателот на Бугарија, Румен Радев и договорено е во најкус можен рок, Бугарија да испрати противпожарни единици кои ќе помогнат на нашите екипи во гасење на пожарите.

    Денеска низ Македонија горат пожари во 12 региони, а најкритично е во Кочани, каде што пожарот зафати и дел од куќите во западниот дел на градот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира