АРСОВСКА НАЈАВУВА ДЕКА МЕСЕЦОВ ЌЕ СЕ ВОВЕДЕ БЕСПЛАТЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ЗА ПЕНЗИОНЕРИ, ЌЕ ЧИНИ 650.000 ЕВРА

    АРСОВСКА НАЈАВУВА ДЕКА МЕСЕЦОВ ЌЕ СЕ ВОВЕДЕ БЕСПЛАТЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ЗА ПЕНЗИОНЕРИ, ЌЕ ЧИНИ 650.000 ЕВРААрсовска кажа дека неделава очекува средба со Владата за помош на Општините поради енергетската и економската криза.(Фото: Град Скопје)

    До крајот на месецов пензионерите повторно ќе се возат бесплатно во автобусите од градскиот превоз во Скопје. И покрај енергетската и економската криза градоначалничката Данела Арсовска не се откажува од оваа мерка за која од буџетот на Град Скопје ќе се потрошат 650.000 евра кои се префрлени на ЈСП „Скопје“. Бесплатниот превоз ќе важи во вторник, петок, сабота и недела, како што беше пред да се укине поради заштита од ширење на коронавирусот.

    На штета на граѓаните никогаш нема да се настапува. Јас верувам дека директорот на ЈСП ‘Скопје‘ кој го затекна претпријатието во девастирана состојба и се соочува со бројни опструкции, тоа што го ветил и кажал, а што е поминато на седница на Совет, ќе го реализира. Во втората половина на месец март ќе почне бесплатен превоз за оваа категорија граѓани“, рече градоначалничката Данела Арсовска одговарајќи на прашање на САКАМДАКАЖАК.МК дали овој проект ќе се стопира со оглед на економската криза и тоа што се бара помош од Владата.

    Арсовска кажа дека неделава очекува средба со Владата за помош на општините поради енергетската и економската криза.

    Она што е неопходно е да се разговара за кои ќе бидат начините за да се асистира за да се надминат овие проблеми затоа што на крајот од денот овие се проблеми на граѓаните, а не на Општините. Доколку општините не се функционални граѓаните нема да можат да ги добијат услугите. ЗЕЛС испрати до Владата сет на мерки на кои еве веќе три месеци не е одговорено. Побаравме и состанок за на маса да се образложат нашите барања и последната информација е дека до среда ќе имаме средба“, кажа Арсовска која денеска ја најави пролетната акција за чистење на сите скопски општини.

    На барањата на Арсовска како претседателка на ЗЕЛС од Владата одговараа дека општините не може само да бараат помош, а притоа да не носат никакви мерки за штедење и реорганизација на работењето.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира