АВИОНОТ НА ТАМАРА ДОЦНИ ПОРАДИ ЈУЖЕН ВЕТЕР НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ

    АВИОНОТ НА ТАМАРА ДОЦНИ ПОРАДИ ЈУЖЕН ВЕТЕР НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМОд Меѓународниот аеродром Скопје ни рекоа дека поради силниот ветер пренасочен бил летот од Малта, веќе половина час над Скопје кружи авионот на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул.(Фото: Принтскрин: Флајтрадар)

    Авионот со кој Тамара Тодевска и евровизискиот тим треба да стигне во Скопје доцни поради силен јужен ветер. Тамара и нејзиниот тим од Тел Авив за Скопје лета со приватен авион.

    Од Меѓународниот аеродром Скопје ни рекоа дека поради силниот ветер вечарва бил пренасочен авионот на Визер од Малта и слетал на аеродромот во Охрид. Повеќе три часа доцни и авионот на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул, кој повеќе од половина час кружи над Скопје.

    Во услови на намалена видливост и ноќе слетувањето на Скопскиот аеродром е можно само од јужен правец бидејќи поради конфигурација на теренот такви се процедурите за инструментално слетување.

    Вечерва на Скопскиот аеродром се организира дочек на Тамара и нејзиниот тим, откако синоќа на евровизиското финале Македонија се пласираше на осмото место, што е најголем успех досега. По гласањето на жирото Тамара беше на второ место со само 2 поена зад Шведска, а речиси до самиот крај беше на врвот на табелата. На крајот, по гласовите на публиката со скромни 53 бода, заврши на осмото место.

    А. АНТЕВСКА

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира