АВСТРИЈА ПОНУДИ БОЛНИЧКО ЛЕКУВАЊЕ НА ПАЦИЕНТИ СО КОВИД-19 ОД МАКЕДОНИЈА

    АВСТРИЈА ПОНУДИ БОЛНИЧКО ЛЕКУВАЊЕ НА ПАЦИЕНТИ СО КОВИД-19 ОД МАКЕДОНИЈААвстрија ја поддржува Северна Македонија во оваа криза со конкретни средства и добра, вели министерот за надворешни работи Александер Шаленберг (Фото: Твитер)

    Австрија понуди лекување во своите болници за пациенти од Македонија среде пандемијата на коронавирусот, искажувајќи ѝ поддршка додека самата полека почнува да ги олеснува рестриктивните мерки.

    „Дури и во време кога пандемијата зема голем замав, болниците во Австрија остана отворени за пациенти за итни случаи од Северна Македонија“, соопшти австриската амбасада во Скопје.

    Погодена од коронавирусот две и пол недели пред Македонија, Австрија меѓу првите во Европа воведе строги мерки и ограничувања со цел да го запре ширењето на заразата, па од утре почнува да излегува од карантинот.

    „Австрија ја поддржува Северна Македонија во оваа криза со конкретни средства и добра. Коронавирусот нè става пред нови предизвици со кои само заеднички можеме да се справиме. Австриската помош и солидарност се првенствено насочени кон земјите од Западен Балкан. Продолжуваме да работиме заедно и да се залагаме Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан наскоро да можат да го заземат своето место во ЕУ“, изјави министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг.

    Австрија исто така ќе ѝ испрати помош на Македонија во вид на генератори, шатори, ќебиња, душеци и средства за хигиена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира