БАРАМЕ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ЗА НА РЕФЕРЕНДУМ ГРАЃАНИТЕ ДА МОЖАТ ДА РАЗРЕШАТ ГРАДОНАЧАЛНИК КАКО ШТО Е АРСОВСКА, ВЕЛИ ЛИДЕРКАТА НА ЛДП МОНИКА ЗАЈКОВА

    БАРАМЕ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ЗА НА РЕФЕРЕНДУМ ГРАЃАНИТЕ ДА МОЖАТ ДА РАЗРЕШАТ ГРАДОНАЧАЛНИК КАКО ШТО Е АРСОВСКА, ВЕЛИ ЛИДЕРКАТА НА ЛДП МОНИКА ЗАЈКОВАОна што се случува во Скопје е јасен пример дека мора да има механизам за отповикување на градоначалниците. Моника Зајкова и Данела Арсовска (Фото: СДК.МК)

    Либерално-демократската партија (ЛДП) бара измени на Законот за локална самоуправа со кои преку референдум ќе може да се отповикува градоначалник.

    Денеска претседателката на ЛДП Моника Зајкова на прес-конференција кажа дека она што се случува во Скопје е јасен пример дека мора да има механизам за отповикување на градоначалниците.

    Некогаш, Законот за локална самоуправа од 1996 година оставал законска можност за граѓаните активно да учествуваат во одлуките кои ги засегаат нивните животи, вклучително и механизмот за отповикување на градоначалниците. За жал оваа круцијална одредба во Законот за локалната самоуправа од 2002 година беше избришана и од тогаш па до денес, граѓаните се лишени од законска можност да покренат постапка за отповикување на градоначалници“, вели Зајкова.

    Данела Арсовска на локалните избори во 2021 година беше кандидат за градоначалник поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. 

    Како што кажа таа, на европско тло досега се спроведени неколку постапки за отповикување на градоначалници, како примерот со Хана Гронкиевич Валц градоначалничка на Варшава, потоа Петер Фелдман, контроверзниот градоначалник на германскиот финансиски центар Франкфурт, преку граѓански референдум бил сменет од функцијата, а во 2015 година по предлог на тогашниот британски премиер Девид Камерон во парламентот се усвоил механизмот за отповикување во Обединетото Кралство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира