Пликоата со барања од надлежните органи за симнување имунитет на пратеници се стигнати во парламентот, но се чека претседателот на Собранието Талат Џафери да ги отвори, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од собраниските служби. Џафери вчера и денеска е во посета на Шведска.
Во денешната акција на полицијата по наредба на обвинителството, меѓу 36-мината приведени и повикани на распит во Кривичниот суд поради основани сомненија за тероризам при организираниот напад на Собранието на 27 април, има и пратеници. На распит во Судот утринава беше донесен Крсто Мукоски, a приведена беше и Жаклина Пешевска. Со истрагата се опфатени уште четири пратеници.
Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција побара од Кривичниот суд изрекување мерка притвор за сите 36 лица против кои покрена истражна постапка поради основано сомнение за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со настаните од 27 април во Собранието.
Според Деловникот, претседателот на Собранието, барањето за одобрување на притвор, односно известувањето дека пратеникот е притворен веднаш го доставува до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, чиј што претседател на Павле Богоевски. Комисијата е должна да го разгледа барањето, односно известувањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Собранието.
За седницата на Комисијата се известува и пратеникот на кого се однесува барањето.
Врз основа на извештајот на Комисијата за деловнички и мандатно- имунитетни прашања, Собранието најдоца во рок од три дена од добивањето на барањето за притвор на пратеникот, одлучува по барањето.
Г. ТРПЕНОСКИ