Американскиот амбасадор Џес Бејли попладнево се сретна со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и најави дека ќе има средби и со другите лидери на партиите што добија мандати во новиот собраниски состав.
Како што објави БИРН, амереиканскиот амбасадор на излегување од палатата на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје изјави: „Како што знаете, САД се партнер на оваа земја. Ќе имам слични средби со другите политички лидери кои обезбедија мандати на овие избори“.
Вчера амбасадорот на Обединетото кралство Чарлс Гарет на својот твитер профил напиша дека имал брифинг во седиштето на СДСМ.
Филип Петровски, директор на Државниот архив синоќа на протестот пред ДИК му се порача на неименуван амбасадор кој „ионака е на заминување“ да не ја провоцира повеќе Македонија.